Почетна СветМакедонија: Регионална средба во Скопје за иднината на европското цивилно воздухопловство

Македонија: Регионална средба во Скопје за иднината на европското цивилно воздухопловство

од nenad
2 минути читај за

Во Скопје се одржа дводневна регионална средба посветена на клучните предизвици и идните насоки за развој на цивилното воздухопловство, во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) во соработка со EUROCONTROL.

На средбата учествуваше висока делегација на EUROCONTROL, предводена од генералниот директор Раул Медина, како и генерални директори и експерти од воздухопловните власти и контролите на летање од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Унгарија, Црна Гора, Романија и Србија.

Главен фокус на разговорите биле заедничките предизвици со кои се соочува регионот во услови на континуиран раст на воздушниот сообраќај и променливи геополитички околности. Била нагласена потребата од поголема регионална координација, навремено планирање и продлабочување на партнерствата со цел зголемување на безбедноста, ефикасноста и отпорноста на воздушниот сообраќај.

Меѓу темите на состанокот биле и зголемувањето на капацитетите за управување со воздушниот сообраќај, сајбер-безбедноста и отпорноста на системите, цивилно-воената координација, модернизацијата и дигиталната трансформација на управувањето со воздушниот сообраќај, како и интеграцијата на нови учесници во системот.

Посебно внимание било посветено и на човечкиот капитал, односно развојот на кадри и стекнувањето нови знаења и вештини неопходни за идниот развој на воздухопловниот сектор.

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски, истакна дека одржувањето на регионалната иницијатива во Скопје претставува потврда за активната улога на Македонија во унапредувањето на регионалната воздухопловна соработка.

„Овој состанок е значајна можност за отворена размена на искуства, знаења и најдобри практики со партнерите од регионот и EUROCONTROL. Во време на брзи промени и нови предизвици во воздухопловниот сектор, ваквиот вид регионален дијалог е од особено значење за навремено препознавање на потребите и заедничко креирање на решенија“, посочи Стојаноски.

Тој додаде дека ваквите иницијативи придонесуваат за јакнење на институционалните капацитети и натамошно усогласување со европските стандарди и современите трендови во цивилното воздухопловство.

Од АЦВ посочуваат дека ќе продолжат да работат на унапредување на меѓународната и регионалната соработка, размена на знаења и искуства и создавање услови за стабилен, безбеден, ефикасен и отпорен воздухопловен систем.

EUROCONTROL, преку својата Програма за поддршка на државите и улогата на Менаџер на европската мрежа, обезбедува експертска поддршка, современи алатки и специјализирани решенија за националните воздухопловни администрации, согласно нивните приоритети и потреби.


Post Views: 41

Извор : vesnik-ilinden.com

Македонија: Регионална средба во Скопје за иднината на европското цивилно воздухопловство