Почетна Економија„Витаминка“ стекна нови сопствени акции

„Витаминка“ стекна нови сопствени акции

од nenad
1 минути читај за

ПИ „Витаминка“ АД Прилеп на 25 август 2026 година се стекна со четири сопствени акции преку откуп.

Како што е наведено во известувањето до Македонската берза, трансакцијата е реализирана согласно одлуката на Собранието на акционери донесена на 27 мај 2026 година.

Четирите новостекнати акции претставуваат 0,01 отсто од вкупниот број акции на компанијата.

Со последниот откуп, „Витаминка“ во сопственост има вкупно 3.284 сопствени акции, што претставува 4,28 отсто од вкупниот број издадени акции.

Информацијата е објавена согласно член 34, алинеја 4 од Правилата за котација на Македонската берза, кој се однесува на објавувањето податоци поврзани со капиталот.