Почетна ЕкономијаКолони на границите: Се чека повеќе од два и пол часа за влез во Македонија

Колони на границите: Се чека повеќе од два и пол часа за влез во Македонија

од nenad
1 минути читај за

Завршувањето на продолжениот викенд предизвика засилен сообраќај на патиштата и граничните премини, особено во правец кон Македонија.

Најкритично е на Евзони–Богородица, каде голем број возила се враќаат од Грција. Според информациите од терен, чекањето за влез во земјава надминува два и пол часа, додека кон Грција се минува значително побрзо.

Зголемен број возила има и на граничниот премин Дојран, каде се создаваат колони во правец кон Македонија.

Засилен сообраќај се бележи и на повеќе патни правци низ земјава. Возачите се соочуваат со поголеми гужви на наплатните станици, а интензивен сообраќај има и на релацијата Охрид–Скопје, особено во делот кон Гостивар.

Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен.

Се очекува гужвите да продолжат и во текот на вечерта, бидејќи голем број граѓани денеска се враќаат од одмор и продолжениот викенд, непосредно пред почетокот на новата учебна година.