Денот недела, 30 август во Македонија ни носи сончево и топло време со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец кој повремено ќе засилува на интензитет.
Попладне особено во источните предели од Македонија ќе има услови за развој на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималните температури денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени, а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 37 степени.
Да напоменам дека и денес недела, 30 август во атмосферата ќе ни биде присутна Сахарската прашина и песок, со што и понатаму атмосферата во Македонија ќе биде заматена и нечиста, а времето ќе ни биде мачно и спарно.
Метео прогноза на Славчо Попоски