Почетна Убавина и здравјеНе е Дарко Лазиќ! На овој познат пејач на комбито со бендот му отпаднало тркало во движење, избегната голема трагедија (ФОТО)

Не е Дарко Лазиќ! На овој познат пејач на комбито со бендот му отпаднало тркало во движење, избегната голема трагедија (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за



За среќа, инцидентот поминал без повредени, а пејачот по незгодата откри што се случило и му се заблагодари на Бога што сите се добро.

Непријатна ситуација го потресла Слоба Радановиќ и членовите на неговиот бенд за време на патување. Од комбето во кое се возеле музичарите ненадејно отпаднало тркало додека возилото било во движење. За среќа, возачот успеал да реагира навреме и да спречи посериозна несреќа. По инцидентот, членовите на бендот останале да чекаат помош, а никој од нив не бил повреден.

Радановиќ подоцна се огласил на Инстаграм и споделил фотографии и снимки од случувањето.

Видно потресен, пејачот напишал дека му е благодарен на Бога и на Богородица што го сочувале неговиот бенд.


Поврзани објави

Инцидентот, кој можел да има многу потешки последици, за среќа завршил без човечки жртви. Радановиќ воедно ги означил и своите соработници, потврдувајќи дека сите се во добра состојба.

Слоба никогаш не го криел фактот дека пред музичката кариера работел различни физички работи за да заработи. Во минатото раскажувал дека берел овошје, истоварувал тешка стока и работел на градежништво, период кој, според него, му помогнал рано да научи што значи борба и издржливост.

Screenshot instagram