Една мала забуна околу менито се претворила во скапа лекција за туристите, а нивната реакција предизвика лавина коментари на интернет
Група туристи во Шпанија нарачала паеља очекувајќи дека за јадењето ќе плати околу 23 евра, но кога ја добиле сметката, останале во неверување. Наместо очекуваниот износ, на сметката стоела трицифрена сума, а причината била една навидум мала забуна при читањето на менито.
Туристите мислеле дека истакнатата цена од 23 евра се однесува на целата паеља. Подоцна сфатиле дека цената била наведена по лице, па конечниот износ бил значително повисок. Своето искуство го споделиле на TikTok, каде што во видеото се гледа нивната реакција на сметката. Еден од нив во шега вели:
Јас ова не го плаќам“.
И самите туристи подоцна признале дека станувало збор за нивна грешка. Во описот на видеото напишале дека не размислиле дека цената може да биде наведена по лице. Сепак, токму нивната реакција предизвика голема дискусија меѓу корисниците на социјалните мрежи.
Дел од коментаторите застанале на страната на ресторанот, посочувајќи дека наплатата на паеља по лице не е ништо невообичаено, особено во туристичките места. Според нив, 23 евра по човек не се претерана цена за популарното шпанско јадење, особено ако ресторанот се наоѓа на атрактивна локација покрај море.
Поврзани објави
@antropologas4ever fallo no pensar que era por persona #funnymemes #paella #playa #gandia #verano ♬ Blue Danube Waltz – The London Symphony Orchestra
Други, пак, сметаат дека рестораните треба многу појасно да ја истакнуваат цената.
Треба едноставно да напишат колку чини целата паеља“, коментирале некои корисници.
Случајот повторно отвори една стара туристичка дилема – секогаш внимателно да се прочита менито пред да се нарача, особено кога станува збор за јадења чија цена се пресметува по лице.
Screenshot Tik-tok