Почетна Убавина и здравјеТоп 10 женски парфеми на кои мажите не можат да им одолеат! – Убавина и здравје

Топ 10 женски парфеми на кои мажите не можат да им одолеат! – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Дознајте кои женски парфеми им го привлекуваат вниманието на мажите

Мирисот може да биде многу повеќе од завршен детаљ во секојдневниот изглед – тој често станува дел од личниот стил и нешто по кое другите нè паметат. Одредени парфеми особено го привлекуваат вниманието бидејќи оставаат сензуална, женствена и впечатлива трага, поради што често се опишуваат како мириси на кои е тешко да им се одолее.

Без разлика дали станува збор за нежни цветни ноти, заводливи акорди на ванила и мошус или раскошни, топли и интензивни композиции, одредени парфеми постојано се издвојуваат како фаворити кога е во прашање женската привлечност.

Според листата објавена од Female Finest, мажите издвоиле десет женски парфеми кои особено им се допаѓаат. На листата се нашле многу различни мириси – од раскошни цветни композиции до слатки парфеми со ванила, пралине и карамела.

1. Juicy Couture

Комбинацијата од цветни и овошни ноти му дава  женствен и разигран карактер на овојо мирис. Неговата мирисна композиција е доволно впечатлива за да привлече внимание, но истовремено е и пријатна и ненаметлива.

2. Calvin Klein Euphoria

Euphoria се издвојува со својот топол карактер и нежни овошни ноти. Токму оваа комбинација му дава женствена и малку мистериозна арома, поради што спаѓа во мирисите кои мажите ги сметаат за особено привлечни.

3. Tom Ford Tobacco Vanille

Ванилата е една од доминантните ноти во овој парфем, но неговата слаткост не е еднолична. Нотите на тутун му даваат топлина, длабочина и суптилна горчливост, создавајќи изразено сензуален мирис.

4. Flowerbomb

Овој парфем се карактеризира со раскошна цветна композиција во која се преплетуваат портокал, бергамот, јасмин и орхидеја, додека нотите на пачули и килибар му даваат дополнителна длабочина. Резултатот е интензивна, женствена и елегантна арома.

5. Sì by Giorgio Armani


Поврзани објави

Цветните, ванилата и пудрестите ноти му даваат нежен, но заводлив карактер на овој парфем. Мирисот остава впечаток на елеганција и женственост, без да биде премногу тежок.

6. Gucci Bloom

Gucci Bloom е наменет за љубителките на впечатливите цветни мириси. Неговата препознатлива арома ја носат пред сè туберозата и јасминот, поради што парфемот остава раскошна и опојна цветна трага.

7. La Vie Est Belle – Lancôme

Пралинето, ванилата и тзрното тонка му даваат топла и слатка основа на овој парфем, додека црната рибизла и пачулито внесуваат рамнотежа. Токму поради изразената слаткост, овој мирис често се поврзува со нежност и топлина.

8. Jean Patou Joy Parfum

Joy е еден од најраскошните парфеми на оваа листа, а неговата композиција особено ја карактеризираат јасминот и розата Rose de Mai. Овој мирис со години се поврзува со елеганција и сензуалност.

9. Lolita Lempicka

Слатките ноти потсетуваат на пралине и карамела, па парфемот има изразено сладок и нежен карактер. Токму оваа комбинација може да остави впечаток на топлина, женственост и разиграност.

10. Vince Camuto
ФОТО: Принтскрин Инстаграм

Иако Vince Camuto е познат како дизајнер на обувки и еден од косопствениците на брендот Nine West, неговото име го носи и парфемска линија. Овој мирис се наоѓа на листата благодарение на комбинацијата од ноти која им се допаѓа и на жените и на мажите.