Боксерот ги изненади следбениците со новиот изглед, а неговата долга коса и брада предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи.
Боксерот Вељко Ражнатовиќ објави снимка од тренинг и ги изненади следбениците со значителна промена во својот изглед. Тој е целосно посветен на боксерската кариера, а видеото на кое најавува нова борба привлече големо внимание во јавноста. Снимката била направена веднаш по неговото излегување од рингот.
На видеото, Вељко има значително подолга коса и брада од вообичаено, што целосно го променило неговиот физички изглед. Промената веднаш предизвика бројни коментари на Инстаграм, при што реакциите беа поделени. Додека на некои следбеници им се допадна новиот изглед, други сметаат дека поради долгата коса и брада изгледа значително постаро.
Инаку, Ражнатовиќ минатата година поминал седум месеци во Русија, каде што бил посветен на интензивни тренинзи, но и на духовниот живот. Тој откри дека живеел во подворјето на Српската православна црква во Москва, кај владиката Стефан.
Поврзани објави
Според неговите зборови, токму таму успеал да пронајде внатрешен мир во период кога минувал низ тежок животен период.
Таму пронајдов некој внатрешен мир, иако бев сам и минував низ тежок период. Сега, кога ќе погледнам наназад, сето тоа ми изгледа многу поубаво отколку тогаш“, раскажал Вељко по враќањето во Србија.
Тој додал дека би сакал повторно да ја посети Русија и се надева дека тоа ќе се случи наскоро.
Printscreen/Instagram/ac3isb4ck и Printscreen Instagram cecaraznatovic