Македонскиот рапер Тони Зен отворено и без задршка проговори за предизвиците, потценувањето и борбата за почит што ја искуси во текот на својата повеќегодишна кариера на музичката сцена.
Во гостувањето во поткастот „Полиграф“ кај Стефанатор отворено проговори за чувството дека низ кариерата не ја добил почитта што реално ја заслужува. Тој призна дека во одредени моменти се чувствувал неисполнето и потценето, но истакна дека со текот на годините сфатил оти признанијата и етикетите не ја диктираат неговата вредност.
За него, најважно останува да си ја сочува автентичноста и да остане свој, надвор од титулите и бројките. Тони Зен неодамна го одбележа и својот голем јубилеј – 20 години од првиот албум – со спектакуларен заедчки концерт со Слаткаристика во салата „Борис Трајковски“.