Почетна Убавина и здравјеСимптоми на хипервитаминоза кои мора да ги знаете пред да користите суплементи!

Симптоми на хипервитаминоза кои мора да ги знаете пред да користите суплементи!

од nenad
2 минути читај за

Симптомите на хипервитаминозата доаѓаат во различни облици, од проблемите со варењето до губење на косата. Затоа, морате да го слушате вашето тело.Ако сте љубител на диететските суплементи, обавезно следете ја состојбата на организмот – постојат неколку знаци дека претерувате со внесување на хранливите материи.Земаме суплементи бидејќи сакаме да го подобриме своето здравје. Но, ако земате многу истовремено, можете да добиете непријатни, па дури и опасно непосакувани ефекти. Во продолжение ви ги откриваме најчестите симптоми на големите величини на витамини во нашето тело. Обратете внимание на нив.Симптоми на хипервитаминозаВознемирен стомакГастроинтестиналното пореметување се често прв знак дека сте земале премногу сумплементи. Може да дојде до мачнина, повраќање или дијареа. Ова е исто така, вообичаено кога земате суплемент на празен стомак. Обавезно консултирајте се со својот доктор за најдобриот начин на земање суплементи, посебно ако веќе имате чувствителен стомак.Губење на коса Поврзани објавиОва е еден од непосакуваните ефекти поврзани со земање на премногу витамин А, кој е витамин растворлив во масти. За разлика од витамините растворливи во вода, кои се излачуваат во урината, витамините растворливи во масти се складиште во телесните масти. Ова може да предизвика непосакувани ефекти. Останатите витамини раствориливи во масти се Д,Е и К. Внимавајте да не го прескокнете препорачаниот дневен внес.Забрзано и неправилно отчукување на срцетоОва може да биде загрижувачки непосакуван ефект на земање премногу суплементи за слабеење, од кои некои содржат стимуланси и можат да доведат до брзо и неправилно отчукување на срцето, вртоглавици или висок крвен притисок.Проблеми со црниот дробЗемање на премногу диететски суплементи може да доведе до пореметување на работата на црниот дроб, предизвикувајќи симптоми како што се покачени ензими во црниот дроб, хепатитис или дури откажување на црниот дроб. Важно е да се консултирате со својот доктор пред да почнете да земате витамински суплементи за да бидете сигурни дека вашиот црн дроб е доволно здрав и било кои лекови кои можете да ги земате нема да предизвикаат штетни интеракции.Тешко крварењеНекои суплементи можат да ја намалат способноста на згрутчување на крвта, што може да доведе до ризик од долго крварење, понекогаш дури и од опасните. Еден таков додаток е витаминот К, може да го намали згрутчувањето на крвта кога се зема во комбинација со антикоагулансите. Витаминот Е е уште еден витамин кој докторите не го препорачуваат да се зема без надзор бидејќи ризикот од крварење е поголем од потенцијалниото користење.