Table of Contents
„Убаво ве гледам заедно. Како и да е“ – Сека јавно им даде поддршка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, а нејзината порака добива дополнителна тежина поради бурното минато со пејачката.
Веста за повторното зближување на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ предизвика бројни реакции во јавноста, а меѓу оние што јавно се огласија е и Сека Алексиќ.
Пејачката, која со Карлеуша со години имаше бурен однос и јавен медиумски конфликт, овојпат застана на страната на колешката и нејзиниот поранешен сопруг.
Сека, коментирајќи го огласувањето на Тошиќ на социјалните мрежи, напиша кратко, но доволно јасно:
Убаво ве гледам заедно. Како и да е.“
Не навлезе во детали и не се обиде да го толкува нивниот однос, но самата порака беше доволна за да предизвика внимание. Дел од корисниците ја поздравија нејзината реакција, додека други ја преиспитуваа, особено имајќи го предвид нејзиното минато со Карлеуша.
Од жестоки прозивки до „мирно пристаниште“
Токму тука се крие и најинтересниот дел од приказната.
Сека и Јелена со години беа дел од еден од најпознатите естрадни конфликти во регионот. Во јавноста си упатуваа остри прозивки и одговараа една на друга преку медиумите, а Сека подоцна призна дека целата ситуација била непријатна и дека двете во тој период биле млади и дозволиле емоциите да ги водат.
Во интервју во 2022 година таа објасни дека никогаш немале формална средба на која би се помириле, но дека со текот на времето едноставно ги оставиле старите несогласувања зад себе.
И двете сфативме дека тоа биле глупости“, порача тогаш Сека, објаснувајќи дека со текот на годините и двете созреале и станале мајки. Таа истакна и дека повеќе нема негативни чувства кон Карлеуша.
Сека дури откри дека е во добри односи со Зоран Бирташевиќ, долгогодишниот ПР и близок пријател на Карлеуша, преку кого повторно воспоставиле контакт.
Поврзани објави
Тогаш нивниот однос го опиша како „мирно пристаниште“, а подоцна јавно кажа дека ѝ простила на Јелена и верува дека и таа ѝ простила.
„Не можам сега, си пишувам со Карлеуша“
Дека старото ривалство навистина останало во минатото, Сека подоцна го потврди и на социјалните мрежи.
Кога еден следбеник ѝ напиша дека треба да се простува, но дека зад нивниот конфликт стоеле многу тешки зборови, Сека одговори дека дел од вината била и кај неа.
Беше и на моја страна. Јас сè заборавив и простив. И таа ми прости“, порача пејачката.
Во друга прилика, на шеговит начин напиша: „Не можам сега, си пишувам со Карлеуша“, со што уште еднаш покажа дека некогашната кавга повеќе не ја доживува како актуелна.
Затоа нејзината реакција за Тошиќ е интересна
Токму поради ова минато, коментарот на Сека за односот меѓу Карлеуша и Тошиќ доби дополнително внимание.Наместо да се дистанцира или да ја коментира нивната приватна одлука, таа избра едноставна порака на поддршка.
Не е познато што точно се случува меѓу Јелена и Душко и дали нивното повторно зближување ќе прерасне во трајно помирување. Она што е јасно е дека нивниот однос повторно ја заинтригира јавноста, а секој нивен заеднички момент предизвикува лавина од реакции.
И во целата приказна, можеби најинтересна е реакцијата на жена која некогаш беше една од најголемите ривалки на Карлеуша.
Од жестоки јавни прозивки до порака со која им посакува да бидат заедно – Сека денес очигледно гледа на Јелена со сосема поинакви очи.
Фото: Инстаграм