Малдивите се познати по чистиот песок и кристално чистите води, но се чини дека една европска плажа нуди слично тропско искуство, а за британските туристи може да биде и поевтина за посета.
За 2026 година се избрани 50-те најдобри плажи во светот, а очекувано, на листата се најдоа и Малдивите. Сепак, изненадување е што пред една од малдивските плажи се најде плажа од потценета европска дестинација, која често се нарекува „европскиот одговор на Малдивите“.
Ксамил, Албанија, го зазеде 19-тото место на листата на Big 7 Travel.
Од тимот зад истражувањето наведуваат дека оваа плажа со тропски изглед на албанската ривиера е достапна за околу четири часа од главниот град Тирана. За странските туристи, пак, популарна опција е кратко патување со траект од блискиот грчки остров Крф.
„Сините води се среќаваат со мекиот бел песок, додека колибите и баровите на плажата му даваат на Ксамил вистинско карипско чувство“, се наведува во описот.
Иако Ксамил е на 19-тото место, тој ја надмина единствената плажа од Малдивите што се најде меѓу првите 50. Плажата Дигурах (Dhigurah) е рангирана на 22-рото место, односно три позиции зад Ксамил.
Така, според оваа листа, Ксамил не само што е меѓу најдобрите плажи во светот, туку се најде и пред една од најпознатите малдивски плажи.
Post Views: 16
Извор : vesnik-ilinden.com
Албанија: Ксамил меѓу 50-те најдобри плажи во светот, ги остави Малдивите зад себе