Почетна ЕкономијаПлоштад „Македонија“ добива нов изглед: Се уредува зеленилото и се обновуваат оштетените површини

Плоштад „Македонија“ добива нов изглед: Се уредува зеленилото и се обновуваат оштетените површини

од nenad
1 минути читај за

Запуштената зелена површина на плоштадот „Македонија“ во Скопје наскоро треба да добие нов изглед. Во тек се хортикултурни активности со кои просторот ќе биде збогатен со ново зеленило.

Информацијата ја објави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој посочи дека целта е централниот градски простор да биде поуреден и попривлечен.

Паралелно се работи и на обновување на оштетените подни плочки кај Порта „Македонија“, а санацијата на преостанатите оштетени делови ќе продолжи во текот на следната недела.

Во тек е и реконструкција на подната фонтана, со што треба да се заокружи уредувањето на овој дел од центарот.

Според најавите, по завршувањето на работите просторот треба да добие посовремен и поуреден изглед и да стане попријатно место за граѓаните и посетителите на Скопје.