Монголската империја некогаш била најголема во светот. Нејзината територија опфаќала поголем дел од Евроазија, како и денешна Кина и поголемиот дел од Русија, како и Украина.
Поранешниот претседател на Монголија го исмеваше рускиот претседател Владимир Путин и неговото историско објаснување зошто ја нападнал Украина.Како што е познато, Путин во своето интервју со Такер Карлсон на долго и на широко расправаше за руската и за европската историја, докажувајќи дека Украина е дел од историските граници на Русија.
На социјалната мрежа Икс (поранепшен Твитер) се огласи и Чахија Елбегдориј, поранешен претседател на Монголија и нејзин поранешен премиер, кој сподели мапи што покажуваат колку била голема Монголската империја, која некогаш контролирала делови од денешна Русија.„Не се грижете. Ние сме мирна и слободна нација“, напиша иронично Елбегдориј.
Монголската империја некогаш била најголема во светот. Нејзината територија опфаќала поголем дел од Евроазија, како и денешна Кина и поголемиот дел од Русија, како и Украина.
Денес, меѓу Кина и Русија, Монголија е помала земја, но сепак е една од најголемите нации во светот во однос на вкупната површина на земјиштето.Владата на Монголија не ја поддржа руската инвазија на Украина, иако директно не ја осуди. Сепак, Елбегдориј е гласен во својата поддршка за Украина.Ова е неговиот пост во кој го исмева Путин: