Почетна Убавина и здравјеКако да препознаете лажго? Поставете му едно прашање што може да ја „распука“ приказната

Како да препознаете лажго? Поставете му едно прашање што може да ја „распука“ приказната

од nenad
1 минути читај за



Заборавете на чепкањето по носот, избегнувањето поглед и нервозното вртење. Психолозите велат дека вистинските траги почесто се кријат во она што човекот го зборува – а едно едноставно прашање може да покаже колку добро ја држи својата приказна.

Кога се сомневате дека некој лаже, не брзајте да го анализирате неговото однесување. Вртењето, трепкањето или избегнувањето контакт со очи не се сигурни докази за неискреност.

Многу покорисно е да побарате од личноста повторно да ја раскаже приказната, но со дополнителни детали. Уште потешко може да биде ако ја замолите да го опише настанот по обратен редослед.

Внимавајте на деталите


Поврзани објави

Човек кој ја кажува вистината обично полесно се присетува на проверливи детали и може природно да ја надополни приказната. Оној што измислува мора да запомни што кажал и да внимава новите одговори да не се судрат со претходните.

Затоа, наместо да гледате каде му се очите, слушајте што зборува. Дали приказната е доследна, има ли противречности и може ли тврдењата да се проверат?

pexels – nervozni luge