Почетна ЕкономијаСтоилковиќ – Памер: Потврдена подготвеноста за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Австрија

Стоилковиќ – Памер: Потврдена подготвеноста за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Австрија

од nenad
1 минути читај за

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Австрија во земјава, Мартин Памер.

На средбата, како што соопшти Министерството за локална самоуправа, била потврдена традиционално добрата и пријателска соработка меѓу двете земји, како и заедничкиот интерес за нејзино натамошно унапредување.

Во фокусот на разговорот биле темите и приоритетите од интерес за Австрија во земјава, со посебен акцент на областите од значење за локалниот развој и јакнењето на капацитетите на локалната самоуправа.

На средбата бил презентиран и проектот за развој на пожарникарството, при што била потенцирана важноста од поддршка за неговата имплементација, особено во насока на унапредување на капацитетите на пожарникарските служби во рамките на локалните самоуправи и размена на искуства и добри практики.

Министерот Стоилковиќ ја истакнал важноста на поддршката што Австрија континуирано ја дава на европската перспектива на Република Северна Македонија и на земјите од Западен Балкан, оценувајќи дека размената на искуства и добри практики може дополнително да придонесе кон унапредување на работата на локалната самоуправа.

Стоилковиќ – Памер изразиле подготвеност за продолжување на отворениот дијалог и за идентификување нови можности за конкретна соработка во интерес на граѓаните и локалните заедници. дма/вј/

Фото: Министерство за локална самоуправа/Извор: МИА