Почетна ЕкономијаГрадоначалникот на Зелениково лично со противпожарното возило: Спречен пожарот да стигне до куќите

Градоначалникот на Зелениково лично со противпожарното возило: Спречен пожарот да стигне до куќите

од nenad
1 минути читај за

Пожарот што избувнал во текот на ноќта во Зелениково сериозно ги загрозил куќите на ридот над населеното место. Пламените јазици се приближиле до домовите, но благодарение на навремената реакција на жителите, пожарникарите и Општината, огнот бил запрен.

Според информациите од Дирекцијата за заштита и спасување, интервенцијата започнала откако жителка околу 2 часот по полноќ побарала помош, стравувајќи дека пожарот ќе стигне до нејзиниот дом.

На терен веднаш биле испратени пожарникари од Драчево, а дополнително се вклучиле и општинската противпожарна екипа и доброволното противпожарно друштво од Зелениково.

Во гаснењето активно учествувале и мештаните. Тие со вода ги заштитувале домовите и го расчистувале теренот од сува вегетација, грмушки и дрвја преку кои огнот можел брзо да се прошири.

Заедничката интервенција успеала да го запре пожарот пред пламените да ги зафатат куќите. Нема информации за оштетени домови.

Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов им се заблагодари на пожарникарите, доброволците, жителите и локалната самоуправа за брзата реакција.

Воедно, најавено е дополнително опремување на доброволните пожарникари од Зелениково и нивно вклучување во тимовите за брз одговор.

Случајот е уште едно предупредување дека во услови на висока опасност од пожари, една мала искра може за кратко време да прерасне во сериозна закана за домовите и населението.