Почетна ЕкономијаНова измама со лажни смс пораки – НЛБ со предупредување до граѓаните

Нова измама со лажни смс пораки – НЛБ со предупредување до граѓаните

од nenad
1 минути читај за

НЛБ предупредува на лажни СМС пораки со кои измамници го злоупотребуваат името на банката за да дојдат до лични и банкарски податоци на граѓаните.

Во пораките најчесто има линк преку кој од корисниците се бара да внесат податоци за картичка, лозинка или електронско и мобилно банкарство.

Од банката апелираат да не се отвораат сомнителни линкови и да не се внесуваат доверливи податоци преку СМС пораки.

„НЛБ никогаш нема да побара од вас лозинка, ПИН или други доверливи податоци преку СМС-линк , предупредуваат од банката.

Станува збор за таканаречена „smishing“ измама, при која сторителите преку лажни пораки се обидуваат да ги украдат податоците и да ги злоупотребат финансиските средства на жртвите.

НЛБ ги повикува граѓаните на зголемена внимателност и доколку добијат ваква порака – да не го отвораат линкот и веднаш да ја пријават измамата.