Почетна ЕкономијаЦентралните општини на Белград и Сараево во посета на Центар – во фокусот младите, развојот на спортот и културата

Централните општини на Белград и Сараево во посета на Центар – во фокусот младите, развојот на спортот и културата

од nenad
1 минути читај за

По повод 50-годишниот јубилеј на Општина Центар, градоначалникот Горан Герасимовски ги прими делегациите од Србија и Босна и Херцеговина, предводени од градоначалникот на општина Стари Град Белград, Радослав Марјановиќ, како и градоначалникот на општина Центар Сараево, Срѓан Мандиќ. Посетата беше можност, трите централни општини на главните градови од регионот да разговараат за пријателството, партнерството и конкретната соработка во областа на културата, спортот, младинската размена и урбанизмот, соопштија денеска од Општина Центар.

Градоначалникот Герасимовски истакнал дека оваа посетата е фокусирана пред сѐ на размена на искуства и зајакнување на соработката.

– Разговаравме за повеќе теми и за сличните проблеми со што се соочуваат нашите општини, со цел нашите општини да се приближат на европските стандарди, во сите области, од комуналните решенија па сѐ до социјалата, образованието и секојдневните услуги за граѓаните. Акцент ставивме на младинската, културната и спортската соработка, но, разговаравме и за паметни градови и современи урбани концепти – истакнал Герасимовски.

Се нагласува дека Општина Центар со години наназад соработува со општините од регионот, со цел да се отвори простор за нови заеднички проекти, што би биле од полза на граѓаните, како и збогатување на културниот и спортски живот. бд/са/

Фото: Општина Центар
Извор: МИА