Почетна Убавина и здравјеПо еден месец врска, отворила заеднички инстаграм-профил со саканиот! – Убавина и здравје

По еден месец врска, отворила заеднички инстаграм-профил со саканиот! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Алесандра Амбросио се сврши со дизајнерот на накит Бак Палмер, а фотографиите и видеото од запросувањето ги објави на Инстаграм

Манекенката Алесандра Амбросио се сврши со своето момче, австралискиот дизајнер на накит Бак Палмер. Иако веста ја соопштија вчера, вистината е дека тие се свршиле уште во април додека биле на егзотичниот остров Нихи Сумба. Ја снимиле сршувачката со дрон, а видеото го објавија на Инстаграм.

„Би те одбрала во овој живот и во секој друг. Засекогаш, љубов моја“, напишала емотивната Алесандра под фотографијата.

Таа во своите објави откри дека овој момент долго го чувале само за себе, близу до срцето, но сега се неизмерно среќни што конечно можат да ја споделат својата радост со целиот свет.


Поврзани објави

Како се вљубиле Алесандра и Бак?

Пред две години, поточно во декември 2024 години, Алесандра признала дека е вљубена во Бак, за во февруари 2025 година да отворат заеднички профил на Инстаграм ourdream1111, каде што ги документираат своите патувања ширум планетата.

Бак не крие колку е воодушевен од својата избраничка. Во една објава истакнал дека е пресреќен што пронашол партнерка која секојдневно го инспирира, со која се забавува и во обичните секојдневни мигови и која му го полни животот со светлина и страст.

И двајцата зад себе имаат пропаднати љубови што само го докажува фактот дека никогаш не е доцна за вистинска среќа. Алесандра од 2008 до 2018 година била свршена со бизнисменот Џејми Мазур, со кого има две деца – 17-годишна ќерка Ања и 14-годишен син Ноа. Од друга страна, Бак Палмер од 2015 до 2017 бил во брак со Ешли Харт, инаку сестра на познатата манекенка Џесика Харт.