Почетна Убавина и здравјеПесот со години му бил партнер на плажа, а сега последен пат заедно влегле во морето (ВИДЕО)

Песот со години му бил партнер на плажа, а сега последен пат заедно влегле во морето (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за

Те сакам, тврдоглавецу“, напишал Диего во емотивната објава, додавајќи дека токму морето отсекогаш ги поврзувало.

Тажна приказна од Костарика го привлече вниманието на љубителите на животните. Сурферот и инфлуенсер Диего Хименез се простил од својот верен пријател Таји на местото кое со години било дел од нивниот заеднички живот – морето.

Снимката од нивното последно заедничко излегување на брановите е направена во Кабо Бланка и прикажува како Диего со Таји на даска за сурфање влегува во морето. Тоа бил неговиот начин да се прости од кучето кое со години му правело друштво на плажата.

Те сакам, тврдоглавецу“, напишал Диего во емотивната објава, додавајќи дека токму морето отсекогаш ги поврзувало.

Таји не бил само домашен миленик на Диего, туку и дел од секојдневието на неговата школа за сурфање. Со текот на годините станал препознатлив дел од плажата и локална легенда меѓу сурферите. Ги пречекувал посетителите, седел на песокот додека траеле часовите и често се појавувал на фотографиите и видеата. Многу почетници го запознавале уште при нивната прва посета.

Особено бил близок со оние кои првпат застанувале на даска и биле исплашени или несигурни. Од школата се присетиле дека Таји ги пречекувал и ги чекал по враќањето од морето.

Се радуваше на секој бран и секогаш знаеше кому тој ден му треба пријател“, порачаа од школата.

По неговата смрт, од школата му посветиле емотивна порака и ветија дека споменот на Таји ќе остане дел од нивната работа.


Поврзани објави

Од сега, секој час ќе носи дел од Таји“, порачаа тие.

Снимката од последното збогување предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а следбениците споделуваа свои спомени и испраќаа пораки за поддршка до Диего и екипата.

Диего не откри од што починал неговиот долгогодишен четириножен пријател.

Screenshot: Instagram