Почетна Убавина и здравјеЈелена Карлеуша и Душко Тошиќ се смирија — заедно организираат голема прослава!

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се смирија — заедно организираат голема прослава!

од nenad
1 минути читај за

По бурниот развод и долг период исполнет со јавни несогласувања, Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ повторно воспоставиле комуникација – овој пат поради своите ќерки, Атина и Ника.

Пејачката откри дека во септември семејството ќе прослави два родендена, а посебен повод ќе биде 18. роденден на постарата ќерка Атина. Токму подготовките за прославата повторно ги зближиле поранешните сопружници.

„Ќе се видиме на роденденот на Атина и Ника“, им рекла Карлеуша на новинарите, откривајќи дека организацијата тече во најдобар ред.

„Убаво е што во оваа приказна заедно се и мама и тато. Организацијата и разговорите одат прекрасно. Негова работа е само да плати, мама е во долгови поради новите спотови, негово е да плати, а мама организира сѐ – од музиката, преку фустанчињата, до декорацијата“, изјавила Карлеуша.


Поврзани објави

Таа додала дека на прославата ќе присуствуваат многу нејзини колеги, но како гости, а не како изведувачи.

„Поканив многу колеги и сите со задоволство прифатија. Не ги поканив да пеат, туку да бидат мои драги гости. Што се однесува до музиката, Душко избра добар бенд – ‘Мајами’“, рекла пејачката.

Карлеуша откри и дека во последно време со Тошиќ разговараат и за секојдневни семејни теми.

„Немаат никакви желби, буквално ништо. Атина сака розова боја, Ника сина, а тие ни рекоа дека мама и тато се задолжени за сѐ. Во последно време често престојуваат во мојот гардеробер, па му се пожалив на Душко, а тој ми одговори: ‘Ти мене, тие тебе’“, раскажала таа.