Трговците од македонскиот пазар во Kорча денеска реагираа против контролите и казните што ги изрече Општината поради непочитување на новите правила за поставување на тендите во пазарот.
На терен излегоа инспектори и припадници на општинската полиција, кои изрекоа административни мерки за трговците што не ја спровеле наредбата за отстранување или усогласување на тендите.
Трговците изразија револт, наведувајќи дека казните од 50 илјади леки се неподносливи во услови на економски тешкотии и здравствени проблеми.
Според нив, со години се соочуваат со постојани барања од Општината за начинот на уредување на пазарот. Велат дека прво им било побарано да ги отстранат лимените конструкции, потоа да постават тенди, а сега се бара тие да бидат изработени според одреден проект и во црвена боја.
Трговците тврдат дека трошоците за ангажирање архитекти и реализација на проектите се преголеми, па бараат Општината да го преземе инвестирањето доколку има конкретни стандарди за изгледот на пазарот.
Еден од трговците изјави дека бил казнет не само за тендата, туку и за изложување на стока надвор од дозволениот простор, додавајќи дека во моментот не успеал ниту целосно да го разбере записникот за казната.
Поради зголеменото незадоволство, трговците предупредуваат дека ситуацијата може да доведе до затворање на нивните бизниси и бараат дијалог и решение од локалните институции.
Post Views: 100
Извор : vesnik-ilinden.com
Трговците од македонскиот пазар во Koрча се кренаа против казните и мерките на Општината за тендите