По десет концерти во Сава Центар, пејачот најави спектакл во Белградска арена, а билетите исчезнаа за само неколку часа.
По дури десет последователни концерти во Сава Центар, со кои ја одбележа пролетната концертна сезона, Јаков Јозиновиќ најави нов музички спектакл во Белградска арена. Големиот концерт е закажан за 24 октомври, а интересот од публиката ги надмина сите очекувања.
Билетите беа пуштени во продажба вчера напладне, а според информациите, се распродале со неверојатна брзина. Фановите масовно споделуваа реакции на социјалните мрежи, жалејќи се дека не успеале навреме да обезбедат влезници.
Поврзани објави
Станува збор за концерт во формат „Арена 360°“, со централно поставена сцена и отворени сите трибини, што дополнително го зголемило интересот кај публиката. Веста за спектаклот пејачот ја соопштил за време на последната вечер од серијата концерти во Сава Центар.
Емотивната најава предизвикала воодушевување кај присутните, а поради огромната побарувачка веќе се шпекулира дека наскоро би можел да биде закажан и втор концертен термин во Арена.
printskrin youtube – hrvatska radiotelevizija – jakov jozinovic