Почетна Убавина и здравјеБресквица шокираше со признание: „Уште како дете ја предвидов својата иднина“

Бресквица шокираше со признание: „Уште како дете ја предвидов својата иднина“

од nenad
1 минути читај за



Пејачката откри дека со години ги запишувала своите желби, а денес многу од нив станале реалност

Анѓела Игњатовиќ – Бресквица откри дека многу работи што денес ѝ се случуваат во животот, уште како мала ги замислувала и ги запишувала во тетратка. Пејачката во емисијата „Гранд специјал“ призна дека верува во моќта на манифестацијата и дека голем дел од нејзините соништа веќе се исполниле.

Таа објасни дека со години водела белешки за своите желби и планови, а тетратката сè уште ја чува. Бресквица вели дека ќе ја покаже јавно дури кога ќе се исполнат сите работи што ги запишала, за луѓето сами да видат дека сè било забележано многу порано.


Поврзани објави

Пејачката нагласи дека не се смета за видовита личност, туку дека отсекогаш јасно си ја замислувала иднината. Подоцна почнала и да истражува литература и теории поврзани со манифестацијата и силата на мислите.

На прашањето дали однапред ја „видела“ и врската со Војаж, Бресквица низ смеа одговори дека не е вештерка, но дека некои големи животни моменти навистина ги замислувала токму така како што подоцна се случиле.

printskrin youtube -breskvica 2