По уште една емотивна и силна емисија, тројца кандидати обезбедија директен пласман, додека останатите својата шанса ќе ја бараат преку онлајн гласање на публиката.
Журито во состав Ана Бекута, Енес Беговиќ и Сања Милошевиќ Маре имаше исклучително тешка задача да ги одбере најдобрите кандидати во уште една емотивна вечер на шоуто „Никогаш не е доцна“. Настапите беа разновидни, полни со емоции и искуство, па одлуката не дојде лесно.
По долга дебата и заедничко гласање, беше одлучено директен пласман во полуфинале да обезбедат Ивана Шалипур Лола, Зоран Лукиќ Мече и Владимир Јованов Сента. Тие со своите настапи успеаја да ги освојат симпатиите на жирито и да се изборат за сигурно место понатаму.
Ана Бекута истакна дека изборот бил еден од најтешките досега, бидејќи сите кандидати дале максимум на сцената.
Поврзани објави
Навистина не беше фер кон ниту еден, сите заслужуваа нешто повеќе“, истакна таа по гласањето.
Останатите кандидати, Ивана Радисављевиќ, Ружица Пејиќ и Илија Балтовски, ќе имаат уште една шанса да се борат за полуфинале преку Фејсбук гласање кое трае до вторник на полноќ, каде публиката ќе го каже последниот збор. Може да гласате ОВДЕ
Screenshot youtube – nikad nije kasno