Почетна Убавина и здравјеБезбеден и организиран пристап до Рамстор Мол за време на реализацијата на новиот градежен проект

Безбеден и организиран пристап до Рамстор Мол за време на реализацијата на новиот градежен проект

од nenad
1 минути читај за

Во согласност со планираните развојни активности на нашата компанија Рамсторе Македонија ДОО, ве информираме дека почнуваме со реализација на проект за изградба на нов деловно-станбен објект на паркинг-просторот на Рамстор Мол, кој ќе опфаќа и три подземни нивоа наменети за паркинг-простор.

Во текот на изведбата на градежните активности, пристапот до трговскиот центар ќе биде целосно овозможен и организиран во согласност со сите безбедносни и оперативни стандарди. Посетителите ќе можат непречено да ги користат постојните влезови на Рамстор Мол кои ќе бидат означени со соодветна пристапна и безбедносна сигнализација и регулиран пристап во зоната до и околу градилиштето.

Проектот се реализира согласно важечките урбанистички и технички прописи, со посебен фокус на безбедноста и функционалноста и минимизирање на влијанието врз секојдневното работење на соседните деловни и комерцијални објекти.


Поврзани објави

Им се заблагодаруваме на граѓаните, посетителите и на деловните партнери за разбирањето и довербата во текот на реализација на проектот.

Супермаркетот Рамстор, Рамстор трговскиот центар и сите негови содржини остануваат отворени и достапни за нашите посетители и потрошувачи согласно редовното работно време.

Текст и фото: ПР