Шефот на иранската надворешна политика, Абас Арагчи, денес истакна дека сите пловила на држави кои не се во конфликт со Иран имаат дозвола за пловење низ Ормушката Теснина.
Според неговите зборови, оваа клучна морска артерија, што ги поврзува Персискиот Залив и Индискиот Океан, не е блокирана. Таа е само „селективно ограничена за нашите противници, а не за земјите со кои имаме добри односи“.
Арагчи нагласи дека пловилата од „сојузничките земји“ и другите учесници во поморскиот сообраќај треба да ги усогласат своите траектории со иранските поморски сили пред преминувањето.
Иранскиот министер за надворешни работи порача дека „не постои воено решение“ за конфронтацијата со САД, кои, како што рече, веќе двапати ја „испитуваат“ таа опција. „САД мора да ја прифатат оваа вистина“, додаде тој.
Арагчи ги именуваше противречните пораки од Вашингтон, ширена преку изјави, интервјуа и различни ставови, како главен извор на проблемот.
Тој заклучи дека „единственото решение е целосно прекинување на оваа агресивна војна“, по што Техеран ќе обезбеди сигурна и непречена пловидба за сите бродови низ Ормушката Теснина.
Извор: МИА