Почетна Убавина и здравјеДарко Лазиќ низ солзи за трагедијата со брат му: „Му простив, но болката не поминува“

Дарко Лазиќ низ солзи за трагедијата со брат му: „Му простив, но болката не поминува“

од nenad
1 минути читај за



Пејачот првпат јавно проговори за смртта на својот брат Драган и откри кои биле неговите последни зборови пред трагичната несреќа

Пејачот Дарко Лазиќ првпат јавно зборуваше за смртта на неговиот брат Драган, кој загина во сообраќајна несреќа во март оваа година. Во емотивно гостување во емисија, Дарко призна дека успеал да му прости на човекот кој учествувал во несреќата, иако болката сè уште е огромна.

Отидов на Хиландар за да му простам. Верувам дека не било намерно, но сè уште немам сила да се соочам со него“, изјави пејачот.

Тој додаде дека секој ден поминува покрај куќата на брат му и сè уште има чувство дека ќе го види повторно.


Поврзани објави

Дарко со многу емоции се присети и на последните моменти што ги поминале заедно. Според него, брат му постојано го гушкал и му повторувал колку му значи нивното повторно зближување во последните месеци.

Последното што ми го кажа беше: ‘Те сакам, фала ти’. По несреќата, неговите последни зборови биле: ‘Не можам да дишам’“, откри Дарко.

Тој призна дека таа слика секоја вечер му се враќа пред очи и дека болката никогаш нема целосно да исчезне.

printskrin youtube – blic darko