Почетна Убавина и здравјеДара Бубамара пристигна со ново „ферари“, па незгодно се сопна пред камерите (ВИДЕО)

Дара Бубамара пристигна со ново „ферари“, па незгодно се сопна пред камерите (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за



Пејачката се појави сама зад воланот на луксузниот автомобил вреден 250.000 евра, а мала незгода при излегувањето од возилото ги насмеа сите

Пејачката Дара Бубамара денес пристигна на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ со ново луксузно „ферари“, кое, според српските медиуми, чини околу 250.000 евра.

Сепак, веднаш по излегувањето од автомобилот, пејачката незгодно ја свитка ногата, по што ѝ падна едната штикла. Ситуацијата привлече внимание кај присутните, но Дара реагираше во свој стил – со насмевка.


Поврзани објави

Наместо да се вознемири, таа продолжи да позира пред фотографите како ништо да не се случило, а атмосферата дополнително ја развесели и шегата на новинарот од Гранд.

Тоа е среќен знак, значи денес кандидатите ќе ти поминат понатаму“, ѝ порача низ смеа новинарот.

Инаку, Дара неодамна за првпат во јавноста го покажа својот нов партнер, со кого е во врска веќе една година, а откри и дека луксузниот автомобил е нивна заедничка сопственост.

printskrin youtube – RTV Pink Official dara bubamara 1