Почетна Убавина и здравјеВодителката Татјана Стојановска открива кој е нејзиниот пролетен сојузник за заштита од сонце

Водителката Татјана Стојановска открива кој е нејзиниот пролетен сојузник за заштита од сонце

од nenad
2 минути читај за

Познатата водителка Татјана Стојановска знае дека динамичните денови бараат и дерматолошки докажана рутина за нега на кожата. Помеѓу раните утрински подготовки, часовите пред камера и сончевите прошетки низ градот, таа не прави компромис кога станува збор за негата и заштитата на кожата. За Татјана, чувството на свежа, хидрирана и заштитена кожа е задолжителен дел од секојдневието, без разлика колку е исполнет денот. Токму затоа, нејзин секојдневен избор е новиот серум Eucerin Sun Oil Control SPF 50+ со многу висока СПФ заштита кој не остава тежок слој на лицето и одлично функционира како база пред шминка.

„Со оглед на тоа што поголемиот дел од денот сум во движење, многу ми е важно да имам производ што ќе ми обезбеди сигурна заштита од сонце, а воедно кожата да изгледа свежо, природно и негувано. Ми се допаѓа што серумот е лесен, практичен и не ја оптоварува кожата, а совршено функционира и под шминка. Плус, идеален е за во чанта и лесно можам да го нанесам во текот на денот каде и да сум. Искрено, веќе е задолжителен дел од мојата  рутина за нега на кожа ,“ споделува Татјана Стојановска.

Дерматолошки докажаната формула е збогатена со Licochalcone A, моќен антиоксиданс кој помага во заштита на кожата од оштетувања предизвикани од сонцето, како и Glycyrrhetinic Acid, состојка што ја поддржува природната регенерација на кожата и ја зајакнува нејзината отпорност. Моќната комбинација од Витамин Ц, Витамин Е и Провитамин Б5 (Пантенол) придонесува и го стимулира создавањето на колаген, додека истовремено ги неутрализира слободните радикали и помага кожата да изгледа свежо, мазно и ревитализирано. Дури и по долг ден поминат на сонце, во движење или под шминка, кожата добива вистински витамински бустер кој ѝ помага да изгледа одморено и негувано. Благодарение на Oil Control технологијата и ултралесната текстура, серумот овозможува долготрајно матиран изглед без чувство на тежина или лепливост.

Со лесна текстура и чувство на комфор дури и во најтоплите денови, серумот Eucerin Sun Oil Control SPF 50+ станува незаменлив дел од секојдневната skincare рутина за сите кои сакаат безгрижно да уживаат во сонцето, а притоа да ѝ обезбедат на својата кожа сигурна заштита, нега и балансиран, здрав и природно свеж изглед. Затоа, не е изненадување што токму ваквите производи стануваат омилен сојузник на модерните жени, практични, ефикасни и совршено прилагодени на динамичното секојдневие.