Почетна Убавина и здравје(Фото) Ја поврзуваа со Мбапе и со Франческо Тоти, а италијанската новинарка сега привлекува внимание поради ОВИЕ причини

(Фото) Ја поврзуваа со Мбапе и со Франческо Тоти, а италијанската новинарка сега привлекува внимание поради ОВИЕ причини

од nenad
1 минути читај за



Италијанската спортска новинарка Мариалусиа Џакобели повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи со објава на Инстаграм.

Атрактивната репортерка сподели низа фотографии кои предизвикаа бројни коментари, а најмногу внимание привлече кадарот на кој позира свртена со грб кон камерата, во топлес издание. На нејзиниот грб се гледаат траги од „cupping“ терапија, популарна метода за опуштање на мускулите и регенерација на телото.

Џакобели важи за една од најпознатите спортски новинарки во Италија, а поради атрактивниот изглед често ја споредуваат со Диета Леота, па дури и со Ким Кардашијан.

 

Во текот на кариерата работела за големи спортски медиуми како Rai Sport, DAZN и Sport Mediaset, каде што главно следела фудбал и натпревари од Лигата на шампиони на УЕФА.

Освен професионалната кариера, често е тема на италијанските таблоиди и поради приватниот живот. Своевремено јавно зборуваше за тешкото искуство со поранешен партнер кој бил осуден за прогонување и вознемирување.

 

Италијанските медиуми претходно ја поврзуваа и со познати фудбалери, меѓу кои се Килијан Мбапе и Франческо Тоти.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/p/DI0pL3Ss-EX/?utm_source=ig_embed&ig_rid=660fd7f2-1b91-4ab3-afd9-a1c048bb67ac