Table of Contents
Нивната внатрешна сила ги води низ тешките моменти
Сите познаваме луѓе кои, дури и кога сè ќе им тргне наопаку, некако успеваат да ги свртат работите во своја корист. Во моментите кога се чини дека нема излез, им се појавува нова шанса, средба или неочекуван пресврт. Додека едни го нарекуваат тоа чиста среќа, други веруваат дека постои подлабока, невидлива сила која ги штити.
Според астрологијата, постојат два хороскопски знака на кои често им се припишува токму таква заштита. Иако поминуваат низ предизвици како и сите други, ретко кога комплетно потонуваат – секогаш се враќаат на вистинскиот пат.
Лав – силна верба што ги подигнува од пепелта
Лавовите на прв поглед изгледаат непоколебливо, самоуверено и доминантно. Но нивната вистинска сила не лежи само во надворешниот став, туку во внатрешното чувство дека на крајот, работите, сепак, ќе се наредат на своето место.
Дури и кога доживуваат падови, лавовите не ја губат вербата. Во нив постои длабоко уверување дека крајот сè уште не дошол – и токму таа енергија ги покренува да продолжат понатаму. Наместо да ги сфатат пречките како конечен пораз, тие ги доживуваат како предизвици кои ги водат кон нешто поголемо.
Поради тоа, често се случува во последен момент да им се отворат врати што на сите други им изгледале затворени. Како животот да им дава уште една шанса, токму тогаш кога им е најпотребно.
Поврзани објави
Терезија – тивка интуиција што ги спасува
За терезиите често се вели дека се нежни, емотивни и неодлучни, но токму во тие особини лежи нивната посебна сила. Тие имаат изразена интуиција и способност да ги почувствуваат ситуациите уште пред да станат очигледни.
Нивниот пристап кон животот не е бурен ни агресивен, напротив, терезиите се трудат да одбегнат конфликти и да пронајдат рамнотежа. И токму затоа, често успеваат да се тргнат од лошите околности или да излезат од тешки ситуации со најмалку последици.
Астролозите веруваат дека низ животот ги води енергијата на хармонијата и привлекувањето вистински можности, па во клучните моменти им се појавуваат луѓе и решенија кои им помагаат повторно да се стабилизираат.
Како да постои некоја граница под која не можат да паднат
И лавовите и терезиите поминуваат низ тешки периоди, разочарувања и падови. Разликата е во тоа што ретко остануваат трајно изгубени. Додека други долго талкаат низ погрешни избори, овие два знака во последен момент пронаоѓаат излез – нова шанса, вистинска насока или човек што ќе ги врати на вистинскиот пат. Можеби нивната дарба не е во тоа што животот им е полесен, туку во тоа што нешто одново и одново ги враќа кон себе.
ФОТО: Greg Rakozy / Unsplash