Министерот за одбрана на Македонија, Владо Мисајловски информираше дека на покана на заменик-премиерот и министер за одбрана на Словачка, Роберт Калинак, денеска присуствувал на свеченото отворање на Меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија IDEB во Братислава, Словачка.
Мисајловски во објава на социјалните мрежи посочи дека саемот претставува значајна платформа за презентација на современи технологии, иновации и достигнувања во областа на одбраната и безбедноста, како и одлична можност за размена на искуства, идеи и добри практики меѓу сојузничките и партнерските држави.
„Во услови на современи безбедносни предизвици, ваквите настани имаат особено значење за унапредување на меѓународната соработка, следење на технолошкиот развој и зајакнување на капацитетите во областа на одбраната и безбедноста“, истакна министерот.
Post Views: 85