Table of Contents
Искористете ја оваа енергија за лични промени и зајакнување на односите
Од 6 мај па сè до 15 октомври, Плутон, планета на длабоки трансформации, моќ и личен раст, се движи навидум ретроградно, што носи период на интроспекции, соочување со вистината и ослободување од сè што нè кочи.
Ретроградниот Плутон ќе влијае врз сите хороскопски знаци и додека многумина ќе го почувствуваат овој транзит како проблематичен, еден знак ќе излезе посилен од оваа енергија. Станува збор за скорпијата.
Скорпијата напредува за време на ретроградниот Плутон
Скорпијата е под природно владеење на Плутон, што значи дека најдобро ја разбира неговата енергија. Додека другите знаци може да почувствуваат притисок и непријатност, скорпиите овој период добиваат можност да го прават она што им доаѓа најприродно, односно да се регенерираат, трансформираат и да излезат посилни од сето ова.
Ги очекува преродба
Скорпиите ги очекува емоционално прочистување и олеснување, идеален период да се ослободат од старите рани, токсичните односи и потиснатите емоции. Сето тоа што долго го туркале под килим, сега излегува на површината, но не за да ги скрши, туку за да ги ослободи.
Скорпиите ќе имаат чувство дека повторно преземаат контрола над ситуациите кои претходно ги збунувале или исцрпувале, па ќе донесуваат појасни одлуки и полесно ќе поставуваат граници.
Нивната и онака силна интуиција ќе биде дополнително нагласена. Многу припадници на овој знак ќе почувствуваат што е правилно пред да си го објаснат тоа рационално, и ретко ќе згрешат.
Поврзани објави
Ретроградниот Плутон нема да дејствува драматично и надворешно, туку ќе ги покренува работите однатре.
Скорпиите ги очекуваат месеци во кои можат да го променат начинот на размислување, навиките, па дури и животниот правец. Сè што ќе одлучат да променат сега, има потенцијал да биде долгорочно и стабилно!
Љубовта и односите со другите го добиваат токму тоа што им е потребно
Во емотивна смисла, ретроградниот Плутон носи разјаснувања. Односите што не се стабилни може да завршат, но без драма. Тоа повеќе ќе личи на природен крај, како некој однос едноставно да дотрајал. Од друга страна, врските што ќе опстанат и ќе го издржат овој предизвик, ќе станат подлабоки и поискрени.
Слободните скорпии може да привлечат личност со која ќе имаат силна, речиси судбинска конекција.
Кариерата и финансиската ситуација се зајакнуваат со добра тактика
На професионален план, ретроградниот Плутон не е период за избрзани потези, туку за стратегија, а скорпиите ќе имаат можност да утврдат каде грешат и како да ја унапредат својата позиција.
Можно е да им се вратат и некои стари работни можности или идеи кои сега конечно можат да заживеат.
Фото: Freepik