Не постои недостиг од керозин, располагаме со залихи за 90 дена, иако законската обврска налага обезбедување за 60 дена.
И покрај актуелната кризна состојба, планираме отворање на пет нови авиодестинации од аеродромите во Охрид и Скопје, истакна вицепремиерот Александар Николоски.
“Керозин, освен за потребите на скопскиот и охридскиот аеродром, целосно го обезбедуваме за приштинскиот аеродром, како и делумно за нишкиот аеродром”, нагласи тој.
Успеавме Скопје да го трансформираме во логистички центар за снабдување на четири аеродроми.
“Располагаме со резерви на керозин за 90 дена, што е значително повеќе од законски предвидените 60 дена, така што немаме никакви проблеми со обезбедувањето”, изјави Николоски за време на гостувањето во поткастот „Ноќно студио“.
Дури и во контекст на најавите за можна суспензија на летови, ние во текот на јуни предвидуваме воведување на пет нови авиодестинации од скопскиот и охридскиот аеродром, додаде Николоски.
“За првпат, „Аустрија ерлајнс“ ќе воспостави авиолинија Виена – Охрид.
„Визер“ ќе оперира на релациите Охрид – Краков и Охрид – Вроцлав, а од скопскиот аеродром воведуваме две атрактивни туристички дестинации: Палермо на Сицилија и Алгеро на Сардинија”, соопшти Николоски.
Извор: МИА