Почетна ЕкономијаГалант ги повикува борците на Хамас да се предадат, да ги ослободат заложниците по убиството на Синвар

Галант ги повикува борците на Хамас да се предадат, да ги ослободат заложниците по убиството на Синвар

од nenad
1 минути читај за

Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант ги повика борците на Хамас да ги ослободат заложниците и да се предадат по убиството на водачот на терористичката група Јахја Синвар.

„Државата Израел донесе правда со елиминацијата на Јахја Синвар –  убиец и терорист.

Јахја Синвар е терористот, главниот терорист, кој го планираше и изврши (масакрот) на 7-ми октомври, за време на кој беа убиени толку многу невини Израелци – деца, жени и постари лица“, се вели во изјавата на Галант.

„Елиминацијата на Синвар се придружува на долгата серија елиминации – од Насрала до воениот началник на Хамас Мухамед Деиф и многу други [терористи]. Ќе ги гониме и елиминираме нашите непријатели“.

„Синвар загина додека беше во бегство. Тој не умре како командант, туку како некој што се грижеше само за себе.

Ова е јасна порака до сите наши непријатели – ИДФ ќе допре до секој кој ќе се обиде да им наштети на граѓаните на Израел или нашите безбедносни сили, а ние ќе ве изведеме пред лицето на правдата“.

„Елиминацијата на Јахја Синвар испраќа јасна порака до сите семејства на загинатите и до семејствата на заложниците: правиме се за да дојдеме до оние кои им наштетиле на вашите најблиски и да ги ослободиме заложниците и да ги вратиме на нивните семејства.

”„Тоа е исто така јасна порака до жителите на Газа.

Човекот кој донесе катастрофа и смрт во Појасот Газа, човекот кој ве натера да страдате како резултат на неговите убиствени дејствија – дојде крајот на овој човек.

Време е да излезете, да ги ослободите заложниците, [на оние кои се вклучени во борбите] кренете ги рацете, предадете се. Излезете со заложниците, ослободете ги и предајте се“. зш/фото ЕПА .

Извор: МИА