Какво време не очекува наредните денови
Објавено на 02/14/2026
Во следните денови Македонија ќе биде под влијание на влажна воздушна маса, па ќе имаме почести врнежи од дожд, особено за време на викендот и вторник. Потоа следува стабилизација на времето, со повеќе сонце и постепен раст на дневните температури. ТЕМПЕРАТУРИ (Македонија) • До понеделник дневните ќе се движат од 12 до 17°C • Вторник посвежо: од 6 до 10°C • Од среда па натаму: повторно пораст, дневни од 11 до 16°C • Утринските ќе се спуштаат, особено кон крајот на неделата: од -2 до 4°C ВЕТЕР (Македонија) • За време на врнежливите денови ќе дува умерен ветер, повремено засилен. • Од среда/четврток, со стабилизацијата, ќе има периоди со северен до североисточен ветер, кој ќе носи посвежо утро. СКОПЈЕ – ПОСЕБНА ПРОГНОЗА Во Скопје следуваат врнежлив викенд и вторник, а потоа сончев и сув период. Скопје по денови • Петок: променливо облачно, мала можност за слаб дожд • Сабота: дожд и посвежо (може и пообилен) • Недела: повторно дожд, нестабилно • Понеделник: облачно, поретки врнежи • Вторник: дожд + најстуден ден во неделата • Среда – недела: сончево и суво Температури – Скопје • Максимални: 16°C (петок), 13°C (сабота), 16°C (недела), 12°C (пон), 7°C (втор), 11°C (сре), 9°C (чет), 12-16°C кон викенд • Минимални: постепено паѓаат до -2°C кон крајот на периодот. Периодот ќе биде променлив, со повремени врнежи од дожд, најизразени за време на викендот и во вторник. Од среда следува стабилизација на времето со повеќе сончеви периоди, суво време и постепен пораст на дневните температури. Метео прогноза на Славчо Попоски