Пејачката искрено за мајчинството, снаите и личните желби
Пејачката Лепа Брена зборуваше отворено за своето семејство, кое со години е под будното око на јавноста. Таа се осврна на улогата на мајка, на односите во домот и на тоа како ги доживува снаите.
Брена откри дека не жали што нема ќерка и дека целосно е исполнета како мајка на синови. Според неа, љубовта кон децата е суштината на животот, а најважно е што ги има и што тие се здрави и свои.
Поврзани објави
Особено убави зборови имаше за Александра Пријовиќ, сопругата на Филип Живојиновиќ. Таа истакна дека веќе има прекрасна и фантастична снаа и дека е среќна ако сè остане како што е сега.
Пејачката додаде дека со радост ги чека и идните снаи на своите помлади синови. Таа нагласи дека најважно е нивниот избор да ги направи среќни нив самите, а потоа и семејството.
printskrin youtube – k1 televizija lepa brena