Пејачката Милица Тодоровиќ на 3 февруари го роди синот Богдан, плод на нејзината врска со маж кој, според медиумските тврдења, е оженет.
Милица свчеравечер го напушти породувалиштето заедно со новороденчето и се врати во својот дом, а по неа дојде и нејзината мајка, Јасмина, која ќе ѝ помага околу грижата за бебето во првите денови.
Сепак, пред нејзината зграда во луксузно населено подрачје на Нов Белград се случи неочекуван настан што го привлече вниманието на соседите. Според сведоштвата на очевидците, пред влезот се појавил дувачки оркестар, кој отсвирел десетина нумери.
Настанот беше целосно неочекуван. Луѓето излегуваа на прозорците за да видат што се случува. Сите, секако, помислија дека музиката е наменета за Милица“, изјави еден од соседите.
„Оркестарот стоеше пред влезот и свиреше, уредно и свечено облечен. Атмосферата беше весела, многумина снимаа и набљудуваа“, додаде една од станарките.
Поврзани објави
Иако тоа официјално не е потврдено, медиумите шпекулираат дека оркестарот бил изненадување организирано од нејзиниот партнер, по повод раѓањето на нивниот син.
Во изминатите денови, јавноста бурно реагира поради информациите дека таткото на детето на Милица е оженет. Неговата законска сопруга во неколку наврати се огласи во медиумите, тврдејќи дека процесот на развод е сложен и дека таа и нивните деца биле изложени на голем психолошки притисок.
Милица, пак, по напуштањето на породувалиштето, се обрати со порака во која истакна дека ѝ се исполнила најголемата желба — да стане мајка, и ја замоли јавноста да ја почитува приватноста на нејзиното семејство додека закрепнува и ги минува првите денови со својот син.
Извор: Курир.рс