Популарната пејачка најде време во својот густ распоред да се види со татко ѝ Драган и да ужива во семејна атмосфера.
Популарната пејачка Јелена Карлеуша искористи слободен момент за да се сретне со својот татко Драган, некогашен заменик на началникот на Управата за организиран криминал. По враќањето од Дубаи, каде уживаше во одмор со своите ќерки, Јелена повторно се посвети на редовните деловни обврски.
Снимањата на „Пинкови ѕвезди“ се во полн ек, но пејачката сепак најде време да се види со татко ѝ и да помине неколку опуштени часови во семејна атмосфера. Јелена и Драган беа видени во еден ресторан во Земун, каде и позираа за фотографии заедно.
Карлеуша повторно привлече внимание со елегантен и едноставен изглед – носеше класично црно сако, додека шминката беше минимална, нагласувајќи го нејзиниот природен изглед. Од друга страна, Драган беше облечен лежерно, во дуксер, видливо опуштен и расположен.
Поврзани објави
Фотографиjата може да ја погледнте ОВДЕ
Средбата го покажуваше топлиот однос меѓу татко и ќерка, а фотографиите од нивната заедничка појава веднаш станаа вирални на социјалните мрежи.
printskrin youtube – telegraf jelena karlesua