Пејачката ги разнежни следбениците со објава од воените денови на својот вереник.
Мина Костиќ на Инстаграм сподели досега невидена фотографија од својот вереник Мане Ќурувија Каспер, направена во периодот кога служел војска. На фотографијата Каспер позира во воена униформа, што предизвика бројни реакции кај нејзините следбеници.
Врската меѓу Мина и Каспер и понатаму ја интригира јавноста, особено по нивната необична љубовна приказна. Тие со месеци се запознавале и граделе однос преку телефон, а љубовта подоцна ја крунисале со средба во живо и веридба.
Со новата објава, пејачката уште еднаш покажа колку е среќна и заљубена. Таа не крие дека емоциите меѓу нив се силни и дека со гордост го споделува секој момент од нивната врска.
Поврзани објави
Под фотографијата, Мина остави и кратка, но емотивна порака.
Мој Каспер“, напиша таа, изразувајќи нежност и гордост кон својот избраник.
Printscreen/Instagram/minakostic_official