Пејачката Катарина Грујиќ одлучи да направи промена во својата кариера, за што ги информираше своите фанови преку социјалните мрежи.
Катарина Грујиќ Каќа на Инстаграм објави соопштение во кое наведе дека донела одлука да го смени својот менаџмент.
Драги мои, по долги години и повеќе од успешна деловна соработка, дојде време да се разделам со досегашниот менаџмент и да му посакам добредојде на новиот, за кој се надевам дека ќе биде уште подобар. Причините се исклучиво потребата од нова енергија и поинаква визија за мене во иднина“, напиша Катарина, па продолжи:
Поврзани објави
Како што и јас, така и Новак Радин ја замислуваме мојата кариера во наредниот период на ист начин, и поради тоа немав никаква дилема дали да му ја доверaм. За сите информации околу моите настапи, датуми, букирање… обратете се на мојот нов менаџер и посакајте му добредојде. Ве сака вашата Катарина Грујиќ“, истакна пејачката во своето соопштение.
Фото: Printscreen Instagram