Пејачката откри дека нејзиниот долгогодишен колега неодамна станал сопственик на стан кој го купил директно од неа.
Вики Миљковиќ откри дека хармоникашот Драган Стојковиќ Босанац неодамна купил стан токму од неа. Пејачката, освен со музика, успешно се занимава и со продажба и уредување недвижности.
Покрај трговијата со станови, Вики работи и на уредување ентериери, а меѓу нејзините познати проекти е и домот на Јелена Карлеуша на Дедиње. Од неодамна, Босанац станал и еден од нејзините клиенти.
Поврзани објави
Во разговорот што предизвика смеа во студиото, Босанац на шега спомнал уплата за станот, по што Вики потврдила дека токму таа му ја продала недвижнината. Разговорот продолжил во хумористичен тон меѓу присутните.
Во дискусијата се вклучи и раперот Драгомир Деспиќ Десингерица, кој со свој стил дополнително ја насмеал публиката. Целата ситуација брзо стана хит на социјалните мрежи и предизвика бројни коментари.
printskrin youtube – blic viki miljkovic