Синот на Снежана Ѓуришиќ ѝ направи бројни проблеми на мајка си.
Фолк-пејачката Снежана Ѓуришиќ ретко зборува за својот приватен живот, но во едно свое интервју откри работи за кои досега не зборувала. Познато е дека синот на Снежана Ѓуришиќ во текот на претходните години ѝ правеше бројни проблеми, па тоа беше болна тема за пејачката на која не сакаше да зборува.
Како што открива, сите нејзини проблеми почнале во моментот кога нејзиниот син Марко доживеал сообраќајна несреќа во која загинала неговата девојка, а тој едвај преживеал. Потоа, како што се пишуваше, се пијанчел поради што сопругата го оставила, бил отпуштен од многу работни места на кои работел, во медиумите даваше непромислени изјави за мајка си…
Но пејачката, како и секоја мајка, секогаш се трудеше да го извлече од проблемите во кои влегувал, а сега се знае и зошто – секогаш за сè се обвинувала себеси.
Не се каам, не можам ни да кажам дека се каам, но што би направила поинаку кога би можела. Мислам дека единственото нешто што би направила поинаку… би го сменила времето кога ги одгледував децата. Моето отсуство и отсуството на сопругот „скапо“ нè чинеше. Нашата работа и отсуството од дома доведоа до проблеми. Бев премлада кога ги родив децата, работата ми го одвлекуваше вниманието, творев, градев дом… Многу работи ми поминаа без воопшто да ги забележам. Сето ова резултираше со тоа мојот син да биде проблематичен. Да е жив и здрав – со тага во гласот рече Снежана.
Поврзани објави
Од друга страна, популарната пејачка има ќерка која го имала потполно истиот третман како нејзиниот син, а сепак е целосна спротивност од него. Зборувајќи за својата ќерка Маја, која живее во Америка со сопругот и двете деца, Снежана истакна дека е многу музикална, но дека за нејзина несреќа не сака да се занимава со музика токму од причините за кои Снежана се обвинува себеси.
Сакам да се занимавам со моите деца и да бидам со моите деца, не сакам да ме сакаат како што ние ве сакавме тебе и тато“. Тоа ми го кажа, моја е, секогаш кажува што мисли. Жал ми е што не се занимава со музика, бидејќи е лудо талентирана. Ја повикав да правиме дует, но таа секогаш сака, па не сака, па ќе видиме. Маја заврши два факултета, а третопт го студира“, раскажа Снежана Ѓуришиќ.
Видео: Youtube