Ќерката на Здравко Чолиќ со нови провокативни објави предизвика лавина од коментари
Помладата ќерка на пејачот Здравко Чолиќ, Лара Чолиќ, повторно е во центарот на вниманието поради новите фотографии што ги објави на својот Инстаграм профил. Провокативните пози и впечатливиот изглед за кратко време ги „запалија“ социјалните мрежи.
Младата Лара со својата убавина редовно привлекува внимание, а последната објава предизвика вистинска лавина од реакции. Таа неодамна отворено покажа како изгледа по естетските корекции на лицето, вклучувајќи пополнување на усните и корекција на носот, а следбениците масовно ја пофалија нејзината блескава појава.
На фотографиите, Лара носеше тесна маица која дополнително го истакна нејзиното деколте, што беше главна тема во коментарите. Многумина истакнаа дека има „нереална убавина“, а нејзиниот виток стаж и атрактивен изглед повторно предизвикаа бурни реакции.
Поврзани објави
Сепак, најмногу внимание привлече малата тетоважа на нејзината рака со бројот „127“, за која сите се прашуваат што точно значи. Деталот очигледно има симболично значење за Лара, но таа сè уште не открила повеќе за неговата порака.
printskrin youtube – jutarni list zdravko colic