Wedding Expo Skopje 2026 – единствениот и традиционален саем за венчавки, по 14-ти пат од 20 до 22 февруари во „Александар Палас“
Од 20 до 22 февруари 2026 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, ќе се одржи Wedding Expo Skopje 2026, единствениот и традиционален саем за венчавки во Македонија, кој оваа година се организира по 14-ти пат, потврдувајќи го својот континуитет и значење за свадбената индустрија.
Свеченото отворање ќе биде збогатено со настап на култниот македонски бенд Нокаут, кој со својата препознатлива енергија ќе го означи почетокот на тридневниот свадбен спектакл.
Посебно внимание ќе привлече и ревијата „Познатите во венчаници“, еден од најпрепознатливите сегменти на саемот, во кој јавни личности ќе се појават во улога на невести и младоженци, носејќи креации од домашни дизајнери и ателјеа и претставувајќи ги најновите свадбени трендови.
Целата програма ќе биде водена од актерката и ТВ-водителка Ангела Апостоловска, попозната како „Жена без рачна“, која со својот автентичен стил и сценска присутност ќе ѝ даде дополнителен ритам и динамика на атмосферата.
Покрај шоу-програмата, Wedding Expo Skopje 2026 нуди и комплетна понуда за организација на венчавка – венчаници, машки костуми, накит, фотографи, декорации, музика, кетеринг, патувања, како и ексклузивни саемски попусти и подароци достапни само за време на настанот.
Влезниците се веќе во продажба онлајн преку karti.com.mk, а ќе бидат достапни и на билетарата на самиот влез за време на сите три саемски денови.
Wedding Expo Skopje 2026 и по 14-ти пат останува централно место за инспирација, планирање и вистинско свадбено доживување.
Датум: 20–22 февруари 2026
Локација: Хотел „Александар Палас“, Скопје