Најубавата жена на светот, сепак, е воодушевена од враќањето на овој тренд
Во последно време, трендовите од 1990-ите се враќаат на сцената со голема брзина, а мислењата се поделени.
Додека еден дел од жените се воодушевени, други негодуваат. Истото е и со трендот што се однесува на веѓите. Во последните неколку години, густите веѓи беа апсолутен хит и токму кога помисливме дека тенките, едвај видливи веѓи комплетно паднаа во заборав, тие тропнаа на врата.
Поврзани објави
Светските шминкери и луѓето од индустријата за убавина велат дека овој тренд за рекордно време ќе ги освои сите и повторно сите ќе имаме изразено тенки веѓи, исто како пред 30-тина години.
Славните личности како Хале Бери и Дру Баримор беа главните трендсетерки за тенките веѓи на црвените килими, а сега овој тренд го прифати и Бела Хадид, а тоа несомнено ќе влијае врз актуелноста на вака стилизираните веѓи.
ФОТО: Инстаграм