Бугарскиот пејач и шоумен Васил Тројанов Бојанов – Азис вчера објави дека се венчал, а денес го покажа и својот партнер на фотографија на Инстаграм.
Тие позираа насмеани пред една клиника, додека сопругот носеше болничка униформа, а Азис во описот стави емотикон за тишина, оставајќи ја професијата на партнерот мистерија.
Објавата ја придружи со песната „I Belong to You“ („Јас припаѓам на тебе“) и напиша:
Веќе венчани. Благодарам, Америка“, додека на нивните раце беа видливи венчалните прстени.
Поврзани објави
Следбениците веднаш коментираа со честитки и добри желби, пишувајќи:
Честитки“, „Среќно“, „Многу љубов“, „Сродни души“ и „Многу сте кул“.
Подсетуваме, Азис пред речиси 20 години беше во врска со Ники Китаец и се венчаа во октомври 2006 година, но тој брак не беше легален според бугарскиот закон кој не поддржува истополови бракови.
printscreen/Instagram/azis_online_new