Почетна Убавина и здравјеСе приготвуваат за 30 минути – Убавина и здравје

Се приготвуваат за 30 минути – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Ви споделуваме рецепти за три фантастични ручеци од рерна

Ручекот не мора да подразбира долго стоење пред шпорет. Овие рецепти се практични за зафатените дами, а притоа ги задржуваат сите нутритивни вредности на намирниците. Идејата е со минимален напор да добиете максимален вкус, топлина и задоволство во еден оброк.

1. Пилешко филе во кремлив сос со зеленчук
Фото: TheCookingJar

Состојки:

  • 2 пилешки филети
  • 1 црвена пиперка
  • 1 тиквичка
  • 1 помал кромид
  • 2 чешниња лук
  • 100 мл павлака за готвење
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол, бибер, сув зачин по желба

Приготвување:

  • Загрејте ја рерната на 200 степени.
  • Измијте го зеленчукот и исечкајте го: пиперката на ленти, тиквичката на кругови, кромидот на кругови и лукот ситно.
  • Посолете ги пилешките филети, забиберете ги и премачкајте ги со маслиново масло.
  • Во сад за печење распоредете го зеленчукот и преку него ставете ги филетите.
  • Во помал сад измешајте павлака и зачини и прелејте преку месото и зеленчукот.
  • Печете во рерна 20 минути додека пилешкото стане златно и зеленчукот мек.
  • Послужете веднаш со ориз или компир.
2. Мусака со компир и мелено месо

Поврзани објави

Состојки:

  • 300 г мелено месо (пилешко, мисиркино или мешано)
  • 3 компира со средна големина
  • 1 помал кромид
  • 1 чешне лук
  • 50 мл павлака за готвење
  • 50 г рендан кашкавал (по избор)
  • маслиново масло, сол, бибер, суви зачини по вкус

Приготвување:

  • Загрејте ја рерната на 200 степени.
  • Излупете го компирот и исечкајте го на тенки кругови.
  • Ситно исечкајте ги кромидот и лукот, пропржете ги на тавче со малку масло, додајте мелено месо, сол, бибер и зачини, кратко пропржете додека месото ја промени бојата.
  • Во сад за печење ставете го првиот слој компир, преку него распоредете го месото, потоа повторете ги слоевите. Завршете со слој од компири.
  • Прелејте со павлака и посипете рендан кашкавал.
  • Печете 20 минути додека компирот стане мек и кашкавалот златен.
3. Тиквички полнети со сирење и шунка
ФОТО: Pixabay

Состојки:

  • 2 поголеми тиквички
  • 100 г шунка (исечкана на коцки)
  • 100 г крем-сирење или рикота
  • 50 г рендан кашкавал по избор
  • 1 чешне лук
  • сол, бибер, маслиново масло

Приготвување:

  • Загрејте ја рерната на 200 степени.
  • Преполовете ги тиквичките по должина и издлабете ја средината со лажица.
  • Во сад измешајте крем-сирење, шунка, рендан кашкавал и ситно сечкан лук. Зачинете со сол и бибер.
  • Филувајте ги тиквичките со приготвената смеса.
  • Ставете ги во сад за печење, премачкајте ги со малку маслиново масло.
  • Печете 20 минути додека тиквичките омекнат, а кашкавалот добие златна коричка.
  • Послужете ги топли со салата по желба.